Zum Inhalt springen

Македонски

SITEL: „МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ОВАА ГОДИНА“

СО 478 ГЛАСА „ЗА“ И 92 „ПРОТИВ“ ЕП ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА Во Стразбур, Европскиот парламент со 478 гласови „ЗА“ и 92 „ПРОТИВ“ го… Weiterlesen »SITEL: „МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ОВАА ГОДИНА“

Грците и во Берлин беснееле поради Република Македонија

Организаторите се обидувале да бидат медијатори во спорот меѓу Македонците и Грците, па откако увиделе дека делегацијата нема намера да додаде ФИРОМ пред Македонија барале… Weiterlesen »Грците и во Берлин беснееле поради Република Македонија

Грција до Мекдугал: Терминот „македонски“ е резервиран само за Грците

Далдисани по „шлаканиците“ што Гај Мекдугал, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун, им ги залепи на Грците со нејзиниот извештај за правата на малцинствата, од вид ни бегаат одговорите што грчката влада и ги дала во врска со македонското малцинство, а кои ги откриваат позициите на Атина и во преговорите што се водат со посредство на Метју Нимиц.

ОН бара Грција да ги признае Македонците

Независната експертка Геј Мекдугал во обемниот и остар извештај бара Грција да овозможи Македонците и Турците слободно да може да го изразуваат својот етнички идентитет… Weiterlesen »ОН бара Грција да ги признае Македонците

Вечер: „Грција да престане со негирањето на македонското малцинство“

ОН порачува грчката влада да постапува во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, и на заедниците треба да дозволи да ги користат… Weiterlesen »Вечер: „Грција да престане со негирањето на македонското малцинство“

Груевски: Бакојани призна дека Грција глумела преговори

ГРЦИТЕ КАЖАА ПА СЕ ПИШМАНИЈА, МАКЕДОНСКОТО МНР НЕ ЈА ПРИФАЌА ИГРАТА „Вчерашната изјава на Бакојани покажа дека Грција цело време имала стратегија да ја блокира… Weiterlesen »Груевски: Бакојани призна дека Грција глумела преговори

Груевски: Ја обединуваме Македонија-од античко време до денес

  • von

ПРЕМИЕРОТ СО ОДГОВОР НА ПРОЗИВКИТЕ ДАЛИ СМЕ ОД ВРЕМЕ НА СЛОВЕНИТЕ ИЛИ ОД АНТИЧКОТО ВРЕМЕ   Опозицијата во земјава обвинува за антиквизација (инсистирање на вредностите… Weiterlesen »Груевски: Ја обединуваме Македонија-од античко време до денес

Античките херои и припаѓаат на светската цивилизација

Премиерот Никола Груевски, кој учествува на 45-та Безбедносна конференција во Минхен, изрази надеж дека Грција како сосед ќе помогне Македонија да влезе во НАТО и… Weiterlesen »Античките херои и припаѓаат на светската цивилизација

Дора собира храброст да дојде во Македонија!

  • von

Можна е посета на Бакојани во Македонија во рамките на грчкото претседавање со ОБСЕ. Од мисијата на оваа меѓународна организација во земјава велат дека засега немаат потврда дали шефицата на грчката дипломатија ќе ја посети канцеларијата на ОБСЕ во Македонија, но укажуваат дека претставниците на секоја држава-претседавач планираат да ги посетат сите канцеларии во светот.

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани не ја исклучува можноста да ја посети земјава. Бакојани за време на балканската турнеја од Приштина остави отворена можност посетата да се случи во рамките на грчкото претседавање со ОБСЕ. Според најавите, грчката министерка ќе ги посети деветнаесетте делегации на оваа меѓународна организација во светот. Од мисијата на ОБСЕ во земјава велат дека претставниците на секоја земја додека претседава планира да ги посети сите канцеларии на организацијата. Но сепак, велат оттаму, дека досега немаат информација дека таа ќе дојде во Македонија.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски пак и неодамна повтори дека останува отворена поканата за Бакојани да ја посети Македонија и оти земјава ќе биде добар домаќин. Говорејќи за прашањето за името министерот Милошоски укажува дека „спорот за името е поради желбата на Грција да го заштити својот мит за чиста нација“.

„Спорот за името ги влече корените од желбите на Грција да го заштити својот мит за чиста нација, што значи: една држава, еден јазик, една нација. Но, на северот од земјата живее македонско говорно малцинство на кое не му е дозволено да го употребува својот мајчин јазик и да го негува својот културен идентитет. Токму од таа причина Атина се обидува на една мала нација како Македонија да и го оспори правото на самоопределување“, вели во интервју за „Тагесцајтунг“, шефот на македонската дипломатија. Во контекст на прашањето за тоа дали има шанса да се најде компромис и каков би бил, Милошоски кажува дека тоа е можно само на билатерална основа.

Weiterlesen »Дора собира храброст да дојде во Македонија!