Zum Inhalt springen

SITEL: „МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ И ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ОВАА ГОДИНА“

СО 478 ГЛАСА „ЗА“ И 92 „ПРОТИВ“ ЕП ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Во Стразбур, Европскиот парламент со 478 гласови „ЗА“ и 92 „ПРОТИВ“ го усвои Извештајот на Ерик Мејер за напредокот на Македонија. Европарламентот го оствари најавеното – препорача Европската Комисија до крајот на годината да ни даде датум за преговори и да оствари целосна визна либерализација за македонските граѓани.

ЕП во Извештајот изразува жалење за фактот што цели 3 години Македонија како кандидат, чека на датум за преговри од Унијата, се наведува дека тоа делува демотивирачки врз земјата. Европарламентот го пофали напредокот во остварувањето на директивите за визна либерализација – воведувањето биометриски пасоши, интегрираното гранично управување, националниот информативен виза систем, борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и корупцијата, како и потпишаниот договор за реадмисија со ЕУ.

Прашањето на името се минимизираше, грчките лоби групи успеаја да го променат делот каде Грција директно се повикува да не става Вето. Во извештајот стои општа одредба во која се препорачува билатералните проблеми да не го кочат процесот на пристапување на земјите од Балканот во евро и евроатлантските организации.

Европскиот Парламент го поддржа преговарачкиот процес под медијаторство на Нимиц. Предупредува и на одбегнување на говорот на омразата, како и дека ако не биде постигнат брз компромис меѓу Скопје и Атина, прашањето за името може да резултира со одложување на евроинтеграциите. Единствено место каде ќе стои македонски останува името на Црквата.

Erik Meijer, EU-Parlament

– Македонската православна црква е името на институција на најголемата религиозна група во земјата, со која се прави дистинкција од Српската православна група, тоа име не може да се промени со кратенка или со привременото име на државата – истакна Мејер.

Европарламентот повикува и на одржување фер и демократски избори, обезбедување слобода на медиумите, како и на поголемо внимание за Ромското малцинство. Препораките на ЕП не се обврзувачки, но несомнено е големото влијание кое позитивниот извештај, може да го има врз одлуките на извршната власт во Брисел.

ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕП Е НАЈДОБРИОТ ДОКАЗ ЗА ПОЛИТИКАТА НА ВЛАДАТА И НА ВМРО – ДПМНЕ

Во името на ВМРО – ДПМНЕ пратеникот Александар Николовски, кој вчера како дел од македонската делегацијата, предводена од вицепремиерот Боцевски беше во Стразбург, го изрази задоволството за усвојувањето на Извештајот за напредокот направен од Република Македонија во Европскиот парламент.

– ЕП препорачува оваа година да се даде датум за почнување на преговорите со ЕУ, визната либерализација што е можно поскоро и барањето до Грција и до сите наши соседи, да го поддржат интегрирањето на Македонија во ЕУ и во НАТО односно да не го користат ветото како начин за попречување на членството на нашата држава во ЕУ и во Алијансата, потенцира Николовски.

Тој оцени дека овој Извештај е најдобриот доказ за политиката што ја води и Владата и ВМРО – ДПМНЕ, но и најдобриот одговор на сите тези за напуштање на европскиот пат и за изолација на Македонија.

Во Стразбур, како што информира Николовски, македонската делегација остварила средби со над 35 пратеници од ЕП, од кои била добиена поддршка. Според него, големо е задоволството и за неусвојувањето на трите амандмани поднесени од страна на пратениците – социјалисти во ЕП, а биле, како што рече, во корист на грчката страна.

Пратеникот Николовски потенцира дека останува „горчливиот“ впечаток што трите амандмани и дополнителните четири, кои пристигнале подоцна, се директна последица на, како што посочи, лажните информации кои стигнале до социјалистите од страна на претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски, кој пред околу две недели беше во посета на социјалистите во Брисел. Според ВМРО – ДПМНЕ, трите поднесени амандмани се всушност тезите на СДСМ, кои преку европските социјалисти, е направено обид да се вметнат во Извештајот.
SITEL