Груевски: Ја обединуваме Македонија-од античко време до денес

  • von

Nikola Gruevski

ПРЕМИЕРОТ СО ОДГОВОР НА ПРОЗИВКИТЕ ДАЛИ СМЕ ОД ВРЕМЕ НА СЛОВЕНИТЕ ИЛИ ОД АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

 

Опозицијата во земјава обвинува за антиквизација (инсистирање на вредностите од Античка Македонија) со поставувањето на споменици во општина Центар, а само еден, оној на Александар Македонски, од вкупно седумнаесет споменици се од периодот на Антиката, останатите кои се подготвуваат се на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум…, тоа е словенско време, Цар Самуил, Ченто, тоа е блиско минато, Гоце Делчев, Никола Карев, споменик на презедиумот на АСНОМ каде што се Михајло Апостолски, Киро Глигоров, значи во време на ВМРО се подготвува споменик на Глигоров.

Исто така станува збор и за споменик на основачите на ВМРО, историската ВМРО, Јустинијан, гемичиите, бранителите. „Ова е обединувачки концепт. Не знам зошто некој луѓето сака да ги дели на Словени и некои што сметаат дека потекнуваат од античкиот период. Ние сме потомци на сите што живееле тука. Не може да се поставуваат работите или-или“, вели премиерот

По њујоршката рунда разговори за името што се одржа минатата недела во средата македонскиот преговарач Зоран Јолевски е во Скопје. Тој изворно ќе ги информира надлежните за разговорите што се под покровителство на Обединетите нации со посредникот Метју Нимиц. Премиерот Никола Груевски во интервју во дневникот на ТВ Сител го соопшти тоа што нему телефонски му го пренел македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

Во врска со досегашните преговори со грчката страна, претседателот на Владата рече дека Грција бара комплетна промена на се.

– Нивниот став и нивните забелешки што ги дадоа на последниот предлог од октомври беа во правец дека треба да се оди на промена на идентитетот, на името на јазикот, името на нацијата, уставот на државата, пасошите, и користењето на името ФИРОМ да не биде само каде што беше досега, туку секаде, и билатерално со другите држави, и мултилатерално, и надвор од земјата и внатре во земјата. Значи, и тука да се викаме со ново име. Тоа е нивната позиција и со неа е тешко да се препознае некој компромис или желба за компромис, рече Груевски.

Заклучокот од последниот состанок за спорот со името на Република Македонија, што се одржа во средата во Њујорк, бил да се почекаат изборите, особено во Грција. Тоа го побарал и преговарачот на Грција, Адемантиос Василакис со став дека во сегашните услови нема добра клима за доаѓање до некое решение. Премиерот Груевски истакна оти се надева на решение по изборите кај јужниот сосед.

– Разговорите продолжуваат. Јас се надевам дека по изборите Грција ќе најде сили да почне да размислува сериозно за наоѓање решение. Затоа што ние сакаме решение. Нашиот приоритет е земјата да стане членка на НАТО и на ЕУ. Ние сме подготвени за компромис, но не на вакви работи кои воопшто не личат на компромис, истакна премиерот Груевски во интервјуто за ТВ Сител.

За адутите на грчката страна или алудирањето за антиквизацијата како имињата на аеродромот, патиштата, истражување на историјата премиерот вели дека истражувањата ги прави секоја држава, а оти обвинувањата за поставување на спомениците од општина Центар се повеќе обвинувања на опозицијата, отколку на Грција.

-Општина Центар подготвува изработка на 17 споменици и само еден е од античко време оној на Александар Македонски, сите други немаат врска со античкото време. Се подготвува споменик на Кирил и Методиј, тоа е словенко време, на Свети Климент и Наум, тоа е словенско време, нема врска со антиката. Ќе има споменик на Цар Самуил и тоа нема врска со антиката, станува збор за споменик на Ченто тоа е блиско минато, потоа споменици на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, споменик на презедиумот на АСНОМ каде што се Михајло Апостолски, Киро Глигоров, значи во време на ВМРО се подготвува споменик на Глигоров. Исто така станува збор и за споменик на основачите на ВМРО, историската ВМРО, Јустинијан, гемичиите, бранителите. Тоа се активности за кои се критикува за антиквизација, а станува збор за само еден споменик кој ќе биде од античко време од седумнаесет, вели премиерот.

Груевски укажува дека не се реални ниту обвинувањата или тезите на опозицијата за изолација.

-Имаме редовно средби со највисоки светски политичари, реалноста е едно, обвинувањата на опозицијата се друго. Тие велат дека сме во изолација и немам намера да се бранам зошто реалоста покажува друго. Потоа од опозицијата велат дека со нив е можен влез во НАТО и тука обвинуваат за името, антиквизацијата. Јас не гледам разединувачки концепт, туку обединувачи. Во време на антиката еден го одбележал периодот, во времето на Самуилово царство друг, во времето на Кирил и Методиј белегот биле тие. На овој простор живееле различни луѓе кои оставие свој белег, концептот е обединувачки сите се застапени. Не знам зошто некој луѓето сака да ги дели на Словени и некои што сметаат дека потекнуваат од античкиот период. Ние сме потомци на сите што живееле тука. Не може да се поставуваат работите или-или. Градиме спомен-куќа на Тоше Проески, но ќе се гради и на сите други кои оставиле белег, изјави во интервјуто за Сител, премиерот Груевски.

Vecer.com.mk