Zum Inhalt springen

ВМРО-ДПМНЕ: Иванов 106.286, Фрчкоски 63.645

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, според досега обработените податоци од партискиот аналитички центар, има 106.286 гласови, а Љубомир Фрчкоски од СДСМ 63.645.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на вечерашната прес-конференци ги демантира тврдењата на СДСМ дека воделе на локалните избори во општина Аеродром.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски освои 13.606, а Тихомир Илиевски од СДСМ 8.209 гласови, посочи Ѓорчев

Претходно Влатко Ѓорчев ги поздрави македонските граѓани кои покажале и докажале пред целиот свет дека Македонија навистина е демократска држава со капацитет да организира фер и демократски избори.

„Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент, од сите избирачки места кои се преработени, води повеќе од двојно од второпласираниот“, рече Ѓорчев.

Има мртва трка за второто место, рече Ѓорчев, но Ѓорге Иванов – Еден за сите, води повеќе од двојно.

„Двата најголеми града во Пелагонија, Прилеп и Битола ги имаат истите градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ победи во Битола и Прилеп, Владо Талевски е градоначалник на Битола, 62%, а Марјан Ристески е ново-стариот градоначалник на Прилеп“

„Во Новаци во моментов Лазе Котески води, победува во првиот круг, 1.600 на 350 гласови… Пробиштип од досега обработените податоци, имаме водство на Томе Тоневски 2.500 на 840 сите други заедно. Во Градско, истиот градоначалник како досега, тој има 1.514, а кандидатот на СДСМ и НСДП 380 гласови“, изјави Влатко Ѓорчев.

Во Свети Николе, според ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Георгиев има 3.700, а второпласираниот независен 1.700.

Во Крива Паланка кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Арсенчо Алексовски има 56%, односно 2.023 гласови, иако 19 години Крива Паланка имаше иста гарнитура, односно транзиционата левица, беше кажано на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти убедлива победа и во Ранковце со 4,5 спрема 1, во Кратово, Илинден, Кичево, Другово, Вевчани, Валандово, Ѓорче Петров и Бутел.